Илон Маск се надева дека социјалната мрежа која ја плати дури 44 милијарди долари ќе стане апликација за се, вклучително и комуникација и финансии.
Во април 2022 година, Илон Маск најави преземање на Твитер, а половина година подоцна ќе ја заврши аквизицијата вредна дури 44 милијарди долари. Кога стекна целосна сопственост и контрола врз компанијата, веднаш почна да прави големи промени и го започна преминот од социјалната мрежа Твитер во платформа за се „X“. Интересно е дека Илон Маск ја лансираше компанијата на доменот „X.com“ уште во 1999 година, која на крајот се спои со „PayPal“. Пред седум години Маск ја врати сопственоста на тој домен купувајќи го од „PayPal‘, но до неодамна никој не знаеше зошто го купил и кои се неговите планови со истиот. По преземањето на Твитер, односно најавата за ребрендирање на таа социјална мрежа во Х, таа одлука изгледа појасна.
Како што веќе неколку пати пишувавме, преземањето на компанијата од страна на Маск беше проследено со бројни промени кои на многумина не им се допаднаа, вклучително и отпуштања на илјадници вработени. Оттогаш, социјалната мрежа изгуби дел од своите корисници, а нејзината пазарна вредност значително опадна.
All core systems are now on https://t.co/bOUOek5Cvy pic.twitter.com/cwWu3h2vzr
— Elon Musk (@elonmusk) May 17, 2024
Сепак, Маск ги има своите долгорочни планови за „X“ платформата како апликација за се – покрај класичната социјална мрежа, според неговата визија, „X“ треба да стане и апликација за комуникација преку која ќе можеме да разговараме со други луѓе, но која треба да ги замени и нашите паричници.
И покрај промената на името, интересно е што платформата Х сè уште го користеше доменот „Twitter.com“. Кога корисниците се најавуваа и објавуваа од оваа мрежа, тоа го правеа на доменот „Twitter.com“, а не на „X.com“. Од минатиот август, компанијата на Маск почна да го менува својот домен и да се префрла од Twitter на X. Таа транзиција, според Маск, сега е завршена. Сите главни системи сега се на X.com, објави тој на својата социјална мрежа.
Треба да се нагласи дека некои објави сè уште можат да се прикажуваат на Twitter.com, но ова е мал број на објави и резултатите зависат од некои услови, како на пример дали корисниците се најавени на платформата X.
Како што коментираат од „The Independent“, со оваа објава на Маск, Твитер како интернет страница сега е целосно мртов.