[ВИДЕО] Се обиделе да украдат спортски автомобили! Испаднале тотални идиоти па побегнале

Точка

16/05/2024

17:21

7.281

Големина на фонт

а а а

Епилогот од грабежот многу потсетува на филмот „Глупав и поглупав“ со Џим Кери и Џеф Даниелс во главните улоги.

Полицијата објавила снимка од провала во автосалонот „Торнтон аутомотив“ во Довер во Пенсилванија. Двајца провалници во салонот влегле забивајќи се со спортски „Camaro“ во излогот. Меѓутоа, тука почнуваат проблемите, бидејќи нивното возило се заглавило, па не можеле да го извлечат „уловот“ надвор.

Освен што „Dodge Challenger Hellcat“ останал заробен во салонот, крадците направиле поприлично штета удирајќи во голферско возило, кое се одбило во „Dodge“.

Кога виделе дека го оштетиле „Camaro“ и дека автомобилот останал заглавен на скалите, крадците се впуштиле во бегство и исчезнале во непозната насока. Материјалната штета е прилично голема, а по невештите крадци сè уште се трага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг