Нејзината насмевка и хумор го одбележаа нашето детство: Светот се збогува со Гудрун Јур – легендарната „супербабичка“

Точка

15/05/2024

17:16

6.081

Големина на фонт

а а а

Британската актерка Гудрун Јур, ѕвездата на омилената детска серија од 1980-тите „Супербабичка“, почина на 98 години во својот дом во Лондон. Нејзината изведба на бабичка која добива супермоќи откако случајно е погодена од магичен зрак ѝ донесе огромен број млади фанови. Ова серија се снимала од 1985 до 1987 година.

Смртта на оваа легендарна супербабичка ја потврдила нејзината внука Кејт Мекнил.

Освен во улогата на „супербабичка“, г-ѓа Јур се појавила во голем број сценски продукции, радио претстави и други ТВ емисии, вклучително и глумење со Орсон Велс во сценската верзија на Шекспировиот „Отело“ од 1951 година, во режија на холивудската ѕвезда.

Нејзината внука ја памети како „навистина љубезна“ личност која се радувала секогаш кога ќе ја препознаеле по нејзината најпозната улога.

Додала и кога последен пат ја видела нејзината тетка во декември, колку таа се радувала бидејќи дознала дека постојат планови за снимање на нов филм со легендарната бабичка – овојпат со други актери.

Јур е родена на 12 март 1926 година во Милтон, северно од Глазгов, во семејството на Алан и Лили Јур.

Била најстарата од трите деца и ги надживеала нејзините двајца браќа.


Иако уживала во долгата кариера, нејзината најпозната улога ја дочекала на 59-годишна возраст, кога ја зазела улогата на „Супербабичка“.

Базирана на книги напишани од Форест Вилсон, шоуто беше за Баба Смит, која текнува супермоќи откако случајно ќе ја погоди магичен зрак.

Таа потоа ги користи своите моќи за да ги заштити жителите на Чизелтон од низа негативци – најзабележителен од сите бил шкотскиот актер Иан Катебертсон.

ТВ шоуто било многу популарно и продадено во повеќе од 60 земји низ светот. Во 1985 година ја освоило меѓународната награда „Еми“ во категоријата Деца и млади луѓе.

Исто така, во серијата гостувале бројни гости, вклучително и Били Коноли, кој ја пее тематската песна, комичарот Спајк Милигам, поранешниот Доктор Ху – Патрик Тротон и други.

Јур поголемиот дел од својот живот го поминала во Лондон, а својата актерска кариера ја започнала во театарот за деца.

Публиката имала можност да ја гледа и во мноштво други остварувања меѓу кои: Лејди Мекбет во „Encyclopaedia Britannica series of educational films“, неколку епизоди од „Casualty“ и како жртва на убиец во „Midsomer Murders“.


Нејзината внука додала: „Имаше многу специфичен и препознатлив глас. Се сеќавам дека мојот сопруг една вечер го гледаше „Casualty“ и јас само изговорив: ’Ова е Гудрун‘, само што ѝ го слушнав гласот“.

Јур била повеќе од 40 години во брак со Џон Ремзи, кој починал во 2008 година. Парот го имале посинокот Гордон.

Живеела во Лондон и починала во својот дом.




Спонзорирани линкови

Маркетинг