[ФОТО] Неверојатна трансформација на американската пејачка по повод „Ноќта на вештерките“: Позираше како „E.T“

Точка

31/10/2024

16:31

606

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Џанел Моне го привлече внимание со својата неверојатна трансформација за Ноќта на вештерките. Имено таа одлучи да се маскира во измислениот лик „Е.Т.“ од истоимениот филм.


„Конечно се врати дома. Добредојде назад, „Е.Т“. Ти благодарам, Google Maps“, напиша пејачката под фотографиите со костумот, а за неговата изработка се погрижиле Алекс Наваро и Сара Милинери. Инаку Џанел во овој костум се појави во „The Jennifer Hudson Show“.


„Никогаш не помислив дека ќе се запознаам со „Е.Т.“, изненадено изјави Џенифер Хадсон.

Воодушевените следбеници ја пофалија пејачката и велат дека ѝ станала конкуренција на Хајди Клум, која ја поседува титулата „Кралицата на Ноќта на вештерките“.


„Секоја година се надминуваш себеси“, „Ова се нарекува уметност“, „Честитки за трудот“, „Ова е дефинитивно твој празник“, беа дел од коментарите под фотографиите на пејачката.

Џанел претходно во интервју за „The Hollywood Reporter“ изјави дека сака луѓето да ја паметат како некој кој не се плаши од тоа да изгледа „лудо“.


„Не се плашам да ги истражувам своите стравови и да ги претворам во костим. Не се плашам од трансформација. Јас сум мајка на трансформацијата“, додаде таа.


Пејачката го привлече вниманието на јавноста во 2005 година, откако го сними синглот „Call The Law“ со групата „OutKast“. Потоа почнала да соработува со Пи Диди, поточно неговата издавачка куќа „Bad Boy Records“, а својот прв албум „The ArchAndroid“ го издаде во 2010 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг