[ФОТО] Најубавата арапска принцеза која се раздели од мажот преку Инстаграм, „фатена“ во друштво на познат маж

Точка

31/10/2024

21:19

4.423

Големина на фонт

а а а

Принцезата Шеика Махра привлече големо внимание со фотографиите на кои е во друштво на познатиот рапер Френч Монтана.

Убавата принцеза од Дубаи, Шеика Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, стана особено позната кога преку Инстаграм го напушти сопругот, а набрзо почнаа да се шират гласини дека нејзиниот профил бил хакиран, и дека таа порака не била вистинита.


Иако некои поверуваа во втората верзија на приказната, фактот дека нејзината објава за разделбата сè уште стои на нејзиниот Инстаграм профил и еден месец подоцна не оди во прилог на приказната.


Од друга страна таа неодамна на Инстаграм објави фотографии на кои позира со мароканско-американскиот рапер Френч Монтана и покажа како уживаат во времето поминато заедно.


По разводот, принцезата (30) го лансираше својот парфем со симболичното име „Divorce“, а на една слика раперот позира држејќи шише од парфемот во раката. И двајцата објавија слики на своите профили, а многумина се сомневаат дека меѓу нив ќе има нешто повеќе од пријателство, бидејќи принцезата ставила емотикон со срце покрај неговото име.


Двајцата заедно уживаа и со камилите, но и на моден настан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг