Актерката Ема Стоун го рекреирала стајлингот на Гвинет Палтроу од филмот „Големи очекувања“.
Стилот на актерката Ема Стоун секогаш е беспрекорен, но овојпат навистина ги воодушевила сите.
Таа синоќа се појавила на снимањето на емисијата „The Late Show with Stephen Solbert“ во Њујорк во впечатливо издание.
Винтиџ дизајнот на Дона Каран за многумина бил познат, а не е ни чудно што е тоа така.
Имено, зелениот свилен комплет во вид на кошула со едно закопчано копче под која немала ништо и долгото здолниште со низок струк, ги потсетил љубителите на филмот на веќе видено модно издание.
Актерката Гвинет Палтроу многу сличен комплет носела во еден од најочекуваните филмови во 90-тите.
Гвинет тогаш глумела рамо до рамо со Итан Хок.
Нејзиниот лик во текот на целиот филм носел нешто зелено, главно од пролетната колекција на Дона од 1996 година, вклучувајќи и свилено макси здолниште и топ којшто нејзиниот лик Естела го направил култен.
Забележливо е дека Стоун се стилизирала идентично на она што го видела во филмот.
Ема Стоун одлучила овој комплет да го искомбинира со кожни сандали на мала потпетица од брендот „Manolo Blanik“.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?





