Албанскиот премиер Еди Рама им се обрати во Атина на мигрантите од Албанија, партиските активисти и своите приврзаници во текот на митингот кој во локална спортска сала бил одржан со големи мерки за обезбедување.
Катемирини наведува дека овој собир бил одржан вчера во атинското предградие Галаци.
Се наведува дека собирот почнал веќе утринските часови, а дека Рама го рекламирал овој митинг на својот профил на Фејсбук.

Грчкиот весник наведува дека овој настан разгорува нови тензии во односите меѓу Грција и Албанија.
Се потсетува дека Рама пред собирот порачал дека „Грција е демократска земја“ која „не можела да спречи еден лидер да дојде во приватна посета и да им се обрати на сонародниците“.

„Ова привлече повеќе внимание од тоа што можеби требаше, но не во вистинско време непосредно пред изборите за Европскиот парламент“, порачал Рама пред митингот.

„Тирана пост“ наведува дека Рама на собирот на албанските мигранти во Атина рекол дека во грчката престолнина пристигнал за да се сретне со оние кои се „еднакви газди“ во таа земја, а не со поранешните слуги на Грција.

„Некој кажа дека не требаше да ви дојдам на посета, но тие можеби, откако ќе го видат ова искажување на семејна среќа, ќе разберат дека не дојдов да се состанам со нивните поранешни слуги. Дојдов да се бориме заедно со еднаквите газди на оваа куќа. Вие, Албанците од Грција, денес носите дополнителна вредност во работата, знаењето и културата на оваа благословена земја која пред 25 века била колевка на филозофијата и демократијата, а со која сме поврзани не само по тоа што сме соседи“, рекол Рама.
MIRËMËNGJES❤️🦅🇦🇱
dhe nga rruga për Athinë, ju uroj të gjithëve një të diel fantastike😉
Posted by Edi Rama on Saturday 11 May 2024
Тој го цитирал албанскиот писател Наим Фрашери кој во поема на грчки јазик порачал дека вистинската желба на Албанците е да живеат во мир и хармонија со своите соседи.
„Ние сакаме со нашите соседи, Словените и Грците, да живееме во хармонија, во ред и мир. Да не станеме непријатели и да се бориме, претрпевме доволно патење и тиранија“, рекол Рама.
Италијанската агенција наведува дека Рама со митингот во Атина ја започнал турнејата низ земјите во кои живеат негови сонародници.
JENI BOTA❤️🦅🇦🇱❤️🦅🇦🇱 *Live AthinëJENI BOTA❤️🦅🇦🇱❤️🦅🇦🇱
*Live Athinë
Posted by Edi Rama on Sunday 12 May 2024
Според тврдењата од Тирана, на собирот во грчката престолнина имало околу 10.000 Албанци кои живеат во таа земја.
Оние кои не успеале да влезат во полната сала останале надвор и го следеле обраќањето на Рама на големиот екран кој бил поставен тука.
Агенцијата наведува дека Рама по Атина ќе ја продолжи турнејата по албанската дијаспора и на 26-ти мај ќе отпатува во Милано. Таму ќе се состане со сонародниците кои живеат во тој град на северот на Италија, а после тоа на 2-ри јуни ќе отпатува во британската престолнина Лондон, додека за 25-ти јуни е планирана посета на Рама на германски Дизелдорф.
















