Декорирањето на мали соби е предизвик иако можеби мислите дека помалку простор значи помалку избор, сепак може да биде навистина незгодно и лесно да погрешите во уредувањето.
Дизајнерите за ентериер сметаат дека овие грешки го прават малиот простор уште помал и понепристапен за живот.
Премногу мебел
Без оглед на тоа дали станува збор за мала спална соба, дневна соба или канцеларија, според дизајнерот за ентериер Ејми Свицер, една од најчестите грешки е пополнувањето на секој достапен дел со мебел.
„Наместо тоа, изберете неколку клучни делови кои служат за повеќекратна функција и оставете малку простор за дишење“, вели таа.
Не го мерите мебелот
Бидете сигурни дека мебелот којшто го купувате навистина одговара на просторот.
„Внимателно измерете и изберете мебел којшто одговара на вашата големина на просторот“, советува дизајнерот.
Темни бои
Доколку отсекогаш сте сакале да ја обоите собата црно или да ставите темни тапети, вашата минијатурна дневна соба можеби не е место за тоа. Нема да додадете елеганција во просторот туку само ќе го направите помал.
Блокирање на прозорците
Природната светлина може да направи малата соба да биде поголема и прозрачна. Значи, клучно е да дозволите проток на што поголема светлина.
Дизајнерот советува да не ги блокирате прозорците со тешки завеси или гломазен мебел и наместо тоа да користите проѕирни завеси или ролетни за да дозволите светлината да влегува внатре.
Премногу различни стилови
Иако целосно е во ред да ги цените модерните, традиционални и современи стилови, често неуредно е да ги мешате различните естетики во помала просторија. Затоа обидете се да се придржувате на еден стил и шема на боја.