Славната актерка го обвини колегата: „Неговото либидо ме направи зависна од интимни односи, можев да ги имам секој ден...“

Точка

13/05/2024

09:23

12.358

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Аналин Мекорд, признала дека во минатото била зависна од секс и фетиши со врзување и толкување улоги, но и дека кон своето тело се однесувала како „да работи во јавна куќа“.

Таа била склона на садо-мазо односи, а своевремено проговорила за својот некогашен стил на живот во поткастот „Braving The Way With Dr Fletch“.

„На луѓето им велев: Да, твоето тело е храм, моето бордел. Имав морбидна смисла за хумор во врска со тоа. Сексот е нешто што можев да го имам цел ден, секој ден и никогаш да не се уморам, а никој не можеше да ме следи во тоа“, раскажала атрактивната русокоса.


Таа минатиот месец обелоденила дека е во нова врска поради која му го завртела грбот на таквиот начин на живот, а се посветила на медитацијата и духовноста.

Нејзиниот нов партнер, Дени Сипријани, е британски рагбист којшто и самиот бил зависник од сексуални односи, а своевремено признал дека спиел со три жени на ден и дека односите му биле потребни како на алкохоличарите алкохолот.

Парот неодамна отпатувал во Египет, а од таму споделил заеднички фотографии.

Оваа актерка најпозната е по улогата во тинејџерската серија „90210“ која е своевидно продолжение на серијата „Беверли Хилс“, а во која се појавила во сите пет сезони, односно во периодот од 2008 до 2013 година.


Токму тогаш, на врвот од својата слава го запознала актерот Доминик Пурсел со кој се забавувала од 2014 до 2020 година, а со него ја запознала фетишистичката страна на сексуалниот однос.

Убавата 36-годишна жена објаснила дека сфатила дека сексот е неверојатен кога открила колкаво е либидото на Доминик и дека од тој момент интимните односи станале нејзина зависност.

„Не се дрогирав ниту пиев алкохол, ми беше потребен само секс, а тоа беше како дупка без дно. Бев зависна“, раскажала таа.

Таа во поткастот во којшто говорела пред две години открила дека во текот на своите блудни денови во својата куќа во Лос Анџелес имала и челичен кревет за врзување. Исто така се осврнала на страсната, бурна врска со еден познат музичар којшто не го именувала.


„Бев врзана во кревет, во темница, свртена кон ѕидот, а тој беше зад мене. Тој прекрасен човек, бев толку слободна со него“, изјавила таа.

Парот сепак после една година врска раскинал кога тој ѝ соопштил дека му било кажано дека ќе биде ставен на црна листа на актери доколку продолжи да се гледа со неа.

Актерката воедно открила дека тој контактирал со неколку жени зад нејзин грб, но таа била подготвена да му го прости тоа.

„Сакав да бидам со него. Имавме неверојатна врска една година. Тоа беше најубавата година во мојот живот. Потоа дознав дека постојано контактирал со други жени. Но, не ја изгубив цела радост и среќа само затоа што дознав нови информации. На своите пријатели им реков: Повеќе не верувам во моногамија“, раскажала актерката.

Како и да е, госпоѓица Мекорд во последните две години го сменила начинот на живот од корен, таа се свртела кон медитацијата и потрагата по внатрешен мир, а токму тоа ја доближило до Сипријани којшто исто така лекот за сексуална зависност го нашол во спиритуализмот.

Парот се познава веќе 10 години, но во март годинава запловиле во љубовните води.