Детството е период во кој љубопитноста нема граници. Тоа е време кога секоја песна може да стане омилена, секој звук да разбуди интерес, а секоја нова мелодија да отвори врата кон нешто што детето можеби првпат го открива. Токму затоа, создавањето квалитетна, забавна и инспиративна содржина за најмладите не е само прашање на забава, туку е можност да им се понуди простор во кој ќе учат, ќе истражуваат и ќе откриваат што ги исполнува.
Во време кога децата растат опкружени со огромен број содржини, важно е да имаат содржини кои ќе ја поттикнат нивната креативност, љубопитност и желбата да создаваат. Родителите се првите што ги препознаваат интересите и талентите кај своите деца, а понекогаш токму една песна, една емисија или еден нов предизвик може да биде доволен поттик детето да открие нешто ново за себе.
Со оваа идеја се создава и „ЈЕЕЈ!“, новото детско музичко шоу на „Светот на Биби“, кое ја става музиката во центарот на детската љубопитност и истражување.
Во „ЈЕЕЈ!“ Биби и Боби излегуваат од анимираниот свет и оживуваат во реалниот, каде што заедно со своите нови пријатели ги откриваат различните лица на музиката. Преку игра, разговор, забава, музички предизвици и интересни содржини, шоуто ги води децата низ еден поинаков свет, каде што музиката не е само нешто што се слуша, туку нешто што може да се истражува, учи и создава.

Но, „ЈЕЕЈ!“ има и една поширока цел, да ги охрабри децата да го истражуваат сопствениот талент. Можеби некој од најмладите гледачи ќе открие дека сака да пее, друг дека сака да свири на инструмент, трет дека ужива во танцот, а некој едноставно ќе ја пронајде својата омилена музика. И токму таквите мали откритија се важен дел од растењето.
По успешниот старт со првата епизода и позитивните коментари од децата и родителите, музичкото патување продолжува со втората епизода на „ЈЕЕЈ!“, која ќе биде емитувана оваа сабота, 10 октомври, во 19:00 часот.
Биби, Боби, Тина и Моника повторно ги очекуваат најмладите гледачи со нова доза музика, забава, дружење и изненадувања.
Втората епизода ќе може да се следи на јутјуб-каналот „Светот на Биби“ и на MagentaTV, со почеток во 19:00 часот. Доколку ја пропуштивте премиерата, можете да ја погледнете ТУКА.
До крајот на 2026 година се планирани осум епизоди од оваа музичка приказна, кои ќе продолжат да го отвораат светот на музиката кон најмладата публика.
Следете ги каналите на „Светот на Биби“ и тик-ток профилот @jeej.mkd за повеќе информации, новитети и изненадувања.











