Модната инфлуенсерка и манекенка Ангела Ѓоргиева и нејзиниот сопруг Раде открија дека оваа есен нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член.
Ангела ги соопшти среќните вести на Инстаграм преку фотографии на кои позира со сопругот, но и со синот Лиам.
„Второто бебе нѝ доаѓа оваа есен, нетрпеливи сме да го запознаеме“, напишала таа во описот на фотографиите кои се дело на фотографот Антонио Станковски.
Целото семејство за потребите на фотосесијата било облечено во бели комбинации, а малиот Лиам ја имал честа да ги држи фотографиите од ехо снимката на своето братче или сестричка.

Ѓоргиева е инаку модна инфлуенсерка која во моментов има над 40.000 следбеници на Инстаграм.
Таа и Раде за првпат станаа родители во 2022 година кога го добија синот Лиам, а Ангела претходно направи многу интересна фотосесија на која позираше само со бела марама.













