Се огласи синот на Ведрана Рудан по објавата за нејзината дијагноза: „Сфати колкава „фаца“ е, ама се надева дека нема да биде уште поголема“

Точка

09/05/2024

13:48

2.765

Големина на фонт

а а а

По објавата за болеста со која се соочува Рудан, се огласи Славен Хрватин, синот на Ведрана и администратор на нејзината Фејсбук страница и им се заблагодари на читателите кои и испратија пораки за поддршка откако објави дека боледува од рак.

„Почитувани читатели на блогот на Ведрана. Ви пишувам во нејзино име. Не очекувавме толкава поддршка од вас. Добивме илјадници мејлови и пораки со добри желби од целиот свет. Ведрана искрено ви се заблагодарува.

Poštovane čitateljice i čitatelji Vedraninog bloga!


Pišem vam u njezino ime. Nismo očekivali toliku podršku od vas....

Posted by Službena stranica Vedrane Rudan on Wednesday 8 May 2024

Не е депресивна, не тажна, напротив, воодушевена е што животот и станал крајно турбулентен и интересен. Тој е во рацете на врвните доктори од Света Недеља и болницата Меркур.

Вели дека конечно сфатила каква „фаца“ е и се надева дека нема да стане поголема за една недела. „Сите вие што го знаете нејзиниот хумор знаете што значи, нема да ви преведувам бидејќи не ми е ништо смешно“, напиша Хрватин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг