Брансон ја надмина повредата, се врати и донесе победа за Њујорк

Дерби

09/05/2024

11:15

3.771

Големина на фонт

а а а

Њујорк Никс сега има осетна предност против Индијана Пејсерс во полуфиналната серија на Истокот и поведе со 2:0, откако рано утрово доби уште еден тесен меч против ривалот од Индијанаполис.

Џејлен Брансон постигна 43 поени на првиот меч против Индијана и беше вистински херој за водство од 1:0, но одлучувачки беше и рано утрово во натпревар кој долго ќе го памети.

Брансон се повреди во првата четвртина, го напушти теренот и не се враќаше до крајот на полувремето, а во продолжение се појави во вториот дел и беше најзаслужен за пресвртот.

Њујорк замина со двоцифрена негатива на пауза, но враќањето на Брансон и тоа како се почувствува на теренот, па Никси направија пресврт и победија со 130:121 за 2:0 во серијата.

Брансон со 29 поени за 32 минути беше најдобар поединец кај победничкиот тим, Ануноби постигна еден помалку, а 28 постигна и ДиВинченцо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг