Анчелоти: Има само еден капетан на бродот во Реал Мадрид

Дерби

09/05/2024

10:59

884

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти доживеа нови незаборавни моменти и тој и неговите играчи беа сведоци на нова волшебна ноќ на „Сантијаго Бернабеу“, вечер која ќе се памети по магичниот пресврт против Баерн Минхен.

Реал губеше 0:1 до 88-та минута и беше на работ од елиминација, но повторно ги покажа своите „девет животи“ и постигна два гола во 180 секунди за целосен пресврт и пласман во големото финале на „Вембли“.

„Кралевите“ ќе се борат за својата 15-та титула во најелитното натпреварување и за противник ќе ја имаат Борусија, но пред да дојде време да се размислува за тој меч, Карло и неговите играчи ќе можат да уживаат.

– Повторно се случи истото, ова е неверојатен стадион, играчите не престануваат да веруваат. Ова е нешто магично. Игравме добро, беше комплицирано и не ја загубивме главата кога примивме гол. Благодарност до навивачите и до клубот, а секако и до играчите. Тие имаат сезона која никој не ја очекуваше, не ја очекував ниту јас. Пласманот во финалето е голем успех, имавме многу проблеми на почетокот на сезоната. Сите зборуваа за Куртоа, Милитао, Алаба, а сега сме во финалето. Најпрво ќе ја прославиме титулата во Ла Лига, па потоа ќе размислува за финалето, – изјави Анчелоти, кој откако беше посочен како извонреден капетан на бродот на Реал, реши да го коригира новинарот.

– Тука има само еден капетан на бродот и се вика Флорентино Перез, ние останатите сме морнари. Тој беше способен да ја создаде оваа неверојатна генерација на играчи и се надеваме дека ќе освоиме уште една титула во Лигата на шампиони, – изјави Карло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг