Мурињо за финалињата кои ќе ги памети: Беше најтешко да се дојде до нив

Дерби

09/05/2024

10:55

535

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо долго време е на големата фудбалска сцена, период во кој оствари огромни успеси, освои многу титули во скоро сите клубови во кои работеше.

Португалецот секогаш бил „магнет“ за трофеи, поточно успевал тоа да го направи кога никој не очекувал од него. Тој едноставно сака предизвици, па запрашан за тоа кои финалиња ќе ги памети, односно било најтешко да се стигне ги издвои оние со Рома.

- Двете финалиња со Рома беа најтешки за постигнување. Можеби и Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед беше многу тешка. Затоа што тоа беа две екипи кои кога пристигнав беа на многу тешко место.

- Некои тренери се можеби попаметни и поинтелигентни и затоа ја избираат вистинската работа со идеални услови за постигнување успех. Јас морам секогаш да работам, да чувствувам дека нешто правам и некому помагам. Сакам предизвици, дури и ако понекогаш се неправедни затоа што не може да се очекува да освојувам трофеи кога мојот тим не е најсилен на теренот, - истакна искусниот стручњак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг