Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка

Макфакс

06/05/2024

17:38

1.105

Големина на фонт

а а а

Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.

Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.

„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг