Мислела дека разговара со Илон Маск, па останала без 50.000 долари: „Ми зборуваше за своите деца и за летање со хеликоптер“

Точка

06/05/2024

15:53

5.238

Големина на фонт

а а а

Една Јужнокорејка поверувала дека се допишува ни помалку ни повеќе туку со Илон Маск, што ја чинело дури 50.000 долари.

Анонимната жена за локалните медиуми во Јужна Кореја изјавила дека е измамена и дека изгубила 50.000 долари поради лице кое се претставило како Илон Маск.

Измамата започнала на Инстаграм, каде жртвата, инаку голем фан на Маск, добила барање за следење од профил кој тврдел дека е токму тој. На почетокот, како што истакнала, била скептична.


„Минатата година доживеав нешто како сон. Маск ме заследи на Инстаграм. Бев негов голем фан откако ја прочитав неговата автобиографија. На почетокот се сомневав дали е ова вистина“, вели таа.

Измамникот, меѓутоа, продолжил да ја убедува дека така што и праќал фотографии од Маск додека е на работа, како и фотографии од неговата лична карта. На крајот таа поверувала дека навистина зборува со вистинскиот Илон, најмногу бидејќи разговарале за детали од приватниот живот на овој милијардер.


„Овој „Маск“ зборуваше за своите деца и за доаѓање со хеликоптер на работа во Тесла или Спејс Екс“, рекла таа.

Измамникот дури и зборувал за состанокот на Маск со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол во април 2023-та година, велејќи дека разговарале за изградба на гигафабрики на Тесла.

Следниот чекор, со кој била потврдена довербата било преку видеоповик во кој измамникот, маскиран во Маск, и кажал на жената дека ја сака.


После тоа и претставил на жената лажна можност за вложување, тврдејќи дека на тој начин сака да ги награди своите најголеми фанови.

„Ми кажа дека повремено контактира со фановите, и дека е среќен кога тие ќе се збогатат“, објаснила жената. На крајот, и пратил број од корејска сметка во банка и ја убедил да префрли 50.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг