[ВИДЕО] Ен Хатавеј доживеала незгоден момент во шоуто на Џими Фалон, реакцијата на водителот ги воодушевила сите

Точка

03/05/2024

13:03

5.279

Големина на фонт

а а а

41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.

Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“

Наместо одговор, настапила потполна тишина. Од изразот на лицето на актерката се видело дека ѝ е непријатно и дека е шокирана од недостатокот на реакција од публиката, но Џими Фалон веднаш „притрчал“ во помош да ја спаси. Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекинала тензијата во студиото, а Ен и публиката се насмеале.

„Ова е „The Tonight Show“. Одете кај Стивен Колбер доколку сакате да имате луѓе кои читаат книги. Бедно. Ние овде сме на „Audible“, се смета ли тоа?“, додал тој.

Тогаш Џими ѝ се обратил на Ен: „Значи, се заснова на книга?“, на што Ен му одговорила: „Што е книга?“.

Непријатниот момент од шоуто се споделува на социјалните мрежи и многумина ја фалат реакцијата на Џим.

„Џими всушност беше одличен водител во оваа ситуација“, „Ова е многу паметна шега“, „Фелон во потполност ја разбира својата улога во овој момент и ја вади Ен Хатавеј од тишина додека го исмева Стивен Колбер“, се само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг