Пенелопе Круз на Инстаграм објави фотографии од прославата на својот 50-ти роденден на која присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди.
„Ви благодарам за големата љубов! На здравје на сите!“, напиша таа под објавата во која, меѓу другото, позира со сопругот Хавиер Бардем и пејачите Росалија и Рики Мартин и филмскиот режисер Педро Алмодовар.
Славната актерка го прослави роденденот со колегите Мет Дејмон, Адам Драјвер, Меги Гиленхал и Селма Хајек, а фановите особено ги трогна фотографијата на која позира со легендарниот 80-годишен актер Роберт Де Ниро.