[ВИДЕО] Агентка за недвижнини открила таен премин во спалната соба, луѓето пишувaат: „Тоа било затворска соба...“

Точка

01/05/2024

19:10

6.420

Големина на фонт

а а а

Агентката за недвижнини, Џесика Лоу, на ТикТок споделила видео од морничаво откритие на кое наишла во куќа на Флорида која ја продава, а видеото за кратко време станало вирално.

„Нема да лажам, сите овие години во кои продавам недвижнини, никогаш не ми се случило вакво нешто“, признала таа, па објаснила дека пронашла тајна просторија во спалната соба на куќа изградена во 1958 година.

Зад дрвените врати во спалната соба открила скриена железна врата која водела во подземна просторија, опремена со струја, вода и навлажнувач за воздух.

„Чудно е, затоа што нема многу подруми на Флорида. Тоа не е типично“, објаснила таа, па ги запрашала следбениците што мислат, за што служела таа тајна просторија.


Се појавиле разни теории

Некои инсистирале на тоа дека станува збор за затворска соба, додека други се пошегувале дека била изградена во случај на зомби апокалипса.

Оние малку посериозните сугерирале дека станува збор за засолниште од невремиња или бункер кој би се користел во случај на нуклеарна опасност. Меѓутоа, агентката ја мачело едно прашање.

„Доколку ова го изградиле за да се обидат да се заштитат од зрачење или невремиња, зошто направиле железна врата со решетки?“.

„Повикај полиција или спушти се долу со помош на УВ-ламба“, сугерирале други луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг