Џастин Бибер сериозно ги загрижил своите обожаватели откако на неговиот профил пред два дена осамнала фотографијата на која плаче. Всушност, прво се појавиле фотографии на кои се смеел, а потоа и оние на кои варирало неговото расположение.
Како што се менувале фотографиите на каруселот, изгледало како пејачот да „тоне“, а особено загрижувачка била фотографијата на која тој плаче. Се чини дека Бибер ја избришал спорната фотографија од својот профил оставајќи ги сите останати, откако фановите реагирале бурно на неговите солзи.
„Што се случува?“, „Дали Бибер се разведува од Хејли?“, „Изгледа навистина лошо“, „Никогаш не изгледал полошо“, „Менталното здравје е голем проблем во светот, чувај се брате“, „Се смее, но не изгледа среќен“, „Нешто не е во ред“ … пишувале луѓето.