Лајка: Напуштањето на милениците е суровост за која не постои никакво оправдување

Макфакс

29/04/2024

13:53

600

Големина на фонт

а а а

Имајте предвид дека ниту куче, ниту мачка кои се претходно чувани дома не се свесни за опасностите кои ги демнат од коли, други животни, или луѓе. И не, нема да се снајдат на улица. За нив загубата која ја чувствуваат по вас е неопислива и исклучително тешка, многу од нив очајуваат до степен да не јадат со денови и талкаат бескрајно за да го најдат своето човечко семејство, порачува ЈП „Лајка“.

„Доколку мислите дека животното е:

– Играчка

– Статусен симбол

– Начин да стекнете пари преку негово размножување и продажба на потомството

– Слатко така малечко, но друг ќе се грижи за него кога ќе порасне

– Создадено да чува и биде врзано на ланец

– Добро само додека е слатко, весело, здраво

– Предодредено на крај да заврши само, на улица или во стационар

НЕМОЈТЕ да земете животно.

Размислите убаво. Животните се човековиот најверен пријател. Но тие немаат избор и нивните судбини зависат од нас.

Повелете во ЈП Лајка каде за нова шанса молат бројни напуштени миленици“, велат од „Лајка“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг