Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска, во Котор, изјави дека земјите што преговараат со Европската Унија треба да бидат дел од политичкиот простор на ЕУ за полесно да се разбере за што се работи и како во пракса се спроведуваат реформите.
Во своето обраќање на самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, Рама рече дека смета оти не е потребно да се чека да се спроведат сите реформи за ЕУ да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан.
„Треба да бидеме дел од Унијата пред да ги спроведеме сите реформи за да видиме како тоа се спроведува во пракса и полесно да се навикнеме на пазарот на кој припаѓаме“, рече Рама.
Тој го изрази својот ентузијазам и им се заблагодари на Оливерт Вархељ и на Комисијата за нивната посветеност.
„Напредокот што го постигнавме од последната средба во Скопје говори сам за себе.
Подготвивме индивидуални реформски планови, идентификувавме клучни иницијативи, кои ќе нѐ доближат до заедничкиот пазар и, конечно, почнавме да се подготвуваме за заеднички регионален пазар. Накратко, подготвени сме“, изјави Рама, пренесува „Танјуг“.