Жителите на овој дел од светот најдобро се хранат и најдолго живеат – еве што јадат

Точка

29/04/2024

15:08

7.749

Големина на фонт

а а а

Наjздравото место на светот се наоѓа во Азија. Според многу од докторите специјализирани за долговечност, Окинава во Јапонија ја има најдобрата исхрана за луѓето.

Исхраната на жителите на Окинава има бројни здравствени предности, а тоа го покажува и фактот што Јапонците имаат најниска стапка на гојазност и втор најдолг животен век во светот.

Окинава се вбројува меѓу една од петте сини зони, што е назив за место со најголема концентрација на стогодишници.


Исхраната на жителите на Окинава е основана на риба, морски плодови и тофу. Со оглед на тоа што акцентот се става на свежата риба и сојата, жителите внесуваат многу малку заситени масти.

Антиоксидантите од морските треви и слaткиот компир помагаат во регулирање на шеќерoт во крвта и придонесуваат во здравјето на дигестивниот систем.

Порциите кои ги јадат тамошните жители се многу мали, што значи дека тие вообичаено внесуваат и малку калории.

Клучни намирници во исхраната на жителите на Окинава се:

- риба;
- морски плодови;
- сладок компир;
- алги;
- морска трева;
- диња;
- соја;
- ориз.


Треба да нагласиме дека жителите на Окинава водат активен животен стил, редовно се изложуваат на сончева светлина, а тоа може да придонесе во нивниот долг животен век.




Спонзорирани линкови

Маркетинг