Амбициозниот Брајтон сезонава не успеа да се доближи до резултатите од претходната сезона, но фановите ќе го паметат првиот настап на „галебите“ во европските купови и фактот дека дополнителните обврски и големиот број повреди влијаеја на ефектот во домашното првенство.
Тимот предводен од Роберто Де Ѕерби веќе ја планира следната сезона, а Брајтон се пофали со нови договори за ветераните Џејмс Милнер и Дени Велбек.
Играчите со историја во многу поголеми и поуспешни англиски клубови имаат важна улога во Брајтон, па затоа и дефинитивно е потврдено нивното останување и следната сезона.
38-годишниот Милнер потпишал нов едногодишен договор, додека пет години помладиот Велбек ставил потпис на двегодишен договор со Брајтон.
Велбек веќе постигна 25 гола на 123 натпревари во дресот на Брајтон, а на Милнер му требаат уште 20 премиерлигашки настапи за да го собори рекордот на Герет Бери (653 настапи во ПЛ).
Two #PL legends locked in for the future! 🔐 pic.twitter.com/iBRHP01JAS
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) May 14, 2024