„Оживеале“ жена погребана пред 75.000 години: Неверојатна реконструкција на лице на неандерталка

Точка

03/05/2024

15:09

12.903

Големина на фонт

а а а

Научниците составиле 200 делови од череп, па отпечатиле 3D реплика и на неа додале слоеви од мускули и кожа.

Жена погребана во пештера пред повеќе од 75.000 години „оживеала“ благодарение на напорите на тим од научници од Универзитетот Кембриџ. Тие направиле неверојатна 3D реконструкција на лицето на оваа неандерталка откриени во пештерата Шанидар во ирачкиот дел на Курдистан.

Реконструкцијата на лицето е направена со помош на научните единици на „BBC“ и се појавува во новиот документарец на „Netflix“ „Тајната на неандерталците“, се наведува во соопштението на Кембриџ.

„Черепот на неандерталецот и луѓето делуваат многу различно. Неандерталскиот череп има огромни веѓи, а му недостасува брада, што доведува до проекција на лице со поизразен нос. Но, рекреацијата на лицето сугерира дека разликите не биле толку големи во животот. Можеби е појасно да се сфати како доаѓало до мешање на нашите два вида и тоа до ниво речиси секоја личност на светот денес да има неандерталска ДНК“, вели д-р Ема Померој, палеонтолог од Одделението за археологија на Кембриџ.


Неандерталците, се верува, исчезнале пред околу 40.000 години, а нови откритија од нивни остатоци нема многу. Неандерталката од документарецот е првата пронајдена во пештера после речиси 50 години и е најдобро сочувана индивидуа откриена во 21. век.

Претходните откритија се обележувани со бројка, а оваа се нарекува Шанидар З.

Главата е здробена, веројатно од пад на карпа на неа и тоа релативно брзо по смртта – по што дошло до декомпозиција на мозокот, но пред черепот да се наполни со прашина. Кога бил откриен, черепот бил рамен со дебелина од околу два центиметри.


Во лабораторијата на Кембриџ научниците направиле „micro-CT“ скенирање на секој дел од черепот, а тогаш главниот конзерватор д-р Лусија Лопез-Полин составила 200 делови од черепот и го вратила во оригинален облик.

Тимот се занимавал и форензичка наука проучувајќи како коските се менувале после ударот и декомпозицијата, за да сфатат дали остатоците се погребани.

Повторното составениот череп е скениран и испечатен во 3D, што било основа за реконструкција на главата која ја направиле најславните палеоуметници Адри и Алфонс Кенис, кои додале слоеви на мускули за да се добие лицето.


Новата анализа покажува дека Шанидар З била постара жена, веројатно во средните 40-ти, што е голема старост за праисторија.

„Неандерталците имаат лоша репутација откако биле откриени пред 150 години. Нашите откритија покажуваат дека неандерталците од Шанидар размислувале за смртта и нејзините последици и тоа на начин кој не се разликува многу од нивните најблиски роднини – луѓето“, рекол проф. Греам Баркер од Институтот за археолошки студии Мекдоналд при Кембриџ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг