Алкарас за својот сон: Сè уште не сум се осмелил да му го поставам важното прашање на Надал

Дерби

25/04/2024

14:17

756

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас го прескокна турнирот во Барселона поради повреда на мускулот и самиот најави дека „виси“ и неговиот настап во Мадрид, но како што се приближува неговиот прв настап, така Шпанецот е се поголем оптимист.

Алкарас во ексклузивното интервју за „Марка“ самиот откри дека се чувствува многу подобро и дека ќе игра во шпанската престолнина, но новинарот на „Марка“ многу повеќе го интересирало дали Карлито му го постави прашање на Рафаел Надал за кое одговор чека цела Шпанија.

Светскиот рекет број три веќе некое време вели дека му е вистински сон да игра со Надал во двојки на Олимписките игри во Париз, меѓутоа засега се уште собрал храброст да го постави важното прашање до својот идол и постар колега.

– Не сме зборувале лично за тоа. Се сретнав со него неколку пати изминативе денови, но вистината е дека не се осмелив да му го поставам важното праршање.

– За мене би било сон да играм со него во Париз, на мојата прва Олимпијада, можеби затоа ми е малку тешко да се изразам. Знам дека и тој сака да игра со мене и ќе биде навистина неверојатно ако излеземе заедно на терен како претставници на Шпанија, – изјави Алкарас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг