„Делиите“ ставиле вето на договор кој носел 15 милиони евра годишно за Црвена Звезда

Дерби

26/07/2024

14:26

2.669

Големина на фонт

а а а

Раководството на Црвена Звезда била блиску да потпише договор со нов главен спонзор на српскиот клуб, но најистакнатите претставници на навивачката група „Делии“ ставиле вето на овој дил.

Информацијата ја објави српски „Спорт клуб“, медиум според кој „црвено-белите“ решиле да прифатат многу побогата понуда од актуелната на „Газпром“ и да го отстапат главното место на дресовите на компанијата „Рио Тинто“, за што клубот би добивал околу три пати повеќе пари на годишно ниво.

Се било договорено меѓу двете страни, но „Делиите“ рекле „не“, реакција која е и донекаде очекувана ако се знае дека бизнисот на „Рио Тинто“ предизвикува многу потреси во соседна Србија.

Компанијата има договор со државата да ископува литиум, граѓаните протестираат и се чини дека допрва ќе има пожестоки реакции на договорената соработка меѓу двете страни.

„Рио Тинто“ се обидел да го подобри својот имиџ меѓу српските фанови со спонзорирање на еден од двата најголеми клубови, но очигледно нема да има ништо од посакуваната соработка.

Денеска „Рио Тинто“ со официјално соопштение демантираше дека има испратено понуда до клубот и дека имало преговори за спонзорство и дека веста била заснована на инсинуации и шпекулации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг