Ваквата мода е вечна: Ќерката на Кетрин Зета-Џоунс го облекла фустанот кој нејзината мајка го носеше пред 25 години

Точка

23/04/2024

15:13

11.424

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Кетрин Зета-Џоунс (54) и Мајкл Даглас (79) пред неколку дена го прослави својот 21-ви роденден во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години.

Познатата наследничка не ни била родена кога била создадена таа креација, што е уште еден доказ дека некоја мода трае вечно.

„Најсовршениот 21-ви роденден што можев да го посакам“, напишала Карис на Инстаграм, а нејзината мајка ѝ одговорила: „Ти го заслужуваш тоа, душо“.

Познатата актерка го носеше нежнорозовиот фустан на доделувањето на „MTV Movie Awards“ во 1999 година во Санта Моника, Калифорнија.


Моделот бил инспириран од ноќницата како парче и предвесник на модерните фустани - ноќници какви што сака да носи Џенифер Анистон. Кетрин својот стајлинг на гала доделувањето го комплетираше со „Fendi“ чанта, а нејзината ќерка дури и ја ископирала нејзината фризура.


Светската филмска ѕвезда ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка на Инстаграм со серија прекрасни фотографии и порака дека таа е радоста на нејзиниот живот.

Зета-Џоунс и Даглас, кои се во брак од 2000 година, неодамна изјавија дека чувствуваат дека нивното „семејно гнездо е празно“ затоа што нивните деца се пораснати и полека одат по својот пат. Сепак, тие сè уште сакаат да патуваат со своите родители, изјави актерот за „Today“. Славниот пар го има и синот Дилан (23).

„И така завршивме пет недели во Индија за Божиќ. И секогаш планираме за следната година, какви патувања ќе имаме и каде ќе одиме. Тоа е само задоволство“, вели Даглас за времето кое тој и неговата сопруга го поминуваат со своите деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг