[ФОТО] Што му се случило? Некогашниот најголем холивудски заводник, денес ретко препознатлив

Точка

22/04/2024

16:15

3.284

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер и режисер Шон Пен (63) важеше за еден од најголемите заводници во Холивуд, кој својата кариера ја започна во комичниот филм „Златната ера во средното училиште Риџмонт“ („Fast Times at Ridgemont High“). По оваа улога, неговата кариера тргна во нагорен правец и почна да глуми во голем број успешни филмови.

Покрај одличната актерска кариера, Пен имаше и бурен љубовен живот. Тој беше во брак со Мадона цели четири години, од 1985 до 1989 година. Потоа стапи во брак со актерката Робин Рајт, со која се раздели во 2010 година и со која има две деца – ќерката Дилан и синот Хопер.


Минатото лето, Пен беше забележан со актерката Олга Коротјаева, но тоа беше краткотрајно и стариот заводник набргу потоа беше виден со активистката Натали Кели, која е 24 години помлада од него.


Познатиот актер неодамна беше фотографиран во Малибу, а неговиот изглед изненади многумина. Според коментарите, корисниците на социјалните мрежи забележуваат дека тој изгледа прилично остарено во последно време.


Тој бил фотографиран во бела маица и црни панталони, а како што јавуваат американските фотоагенции, актерот се враќал од прошетка во близина на својот дом.




Спонзорирани линкови

Маркетинг