[ВИДЕО] Петар Грашо за Хана: Не е модерно мажот да ја фали жената, но јас ја фалам мојата

Точка

20/04/2024

13:37

4.178

Големина на фонт

а а а

Петар Грашо вели дека неговата сопруга Хана Хуљиќ му е најдобриот музички критичар. Во емисијата „Еден на Еден“, во вториот дел кој ќе се емитува в недела од 18.30 на Канал 5, хрватскиот пејач и автор раскажа интересна приказна са сопругата, која е музичко семејство. Таа е ќерка на авторите на повеќето хитови на Грашо, Тончи и Вјекослава Хуљиќ.

-Новите песни им ги пуштам на најблиските, ѝ ги пуштам на Хана, затоа што Хана е најдобриот музичар во фамилијата. Луѓето тоа не го знаат, таа е магистер по класична музика. Таа е композитор по класична музика. Глупаво е сега сопругот да ја фали жената, малку не тоа не е модерно кај нас во Далмација, но ќе кажам дека е исклучително талентирана, а тивка. Го работи тоа, и работи поп-музика под уметничкото име Хана Ху, која е сосема неоптеретена со комерцијала. На неа ѝ пуштам затоа што има добар мозок и лоцира“, раскажа Грашо кај Жаре.

„Јас сум таков тип кој сака животот да му е забавен. Ако сум дома, не можам да седам и да гледам Нетфликс 11 часа, можам три. Си купив косилица, па косам трева, кастрам ружи, одгледувам цвеќиња“, додаде Грашо кој ќе одржи концерти во Скопје на 26, на 27 и на 29 април, а на 30 во Струмица.

Во видеото подолу погледнете дел од приказните на Грашо кои ќе ги гледаме в недела во „Еден на Еден“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг