Поради поранешниот сопруг ја следеле од ФБИ: Познатата актерка ги објавила деталите за нејзиното страдање и проблемите со алкохолот – Ова ја вратило на вистинскиот пат

Точка

02/05/2024

16:16

5.880

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Ен Хатавеј (41) е горда на својот успех, па со светот ја споделила информацијата дека веќе пет години не консумира алкохол. Исто така, таа се надева дека нејзините синови Џонатан (8) и Џек (4), ќе се држат настрана од пиењето додека не станат полнолетни, но и дека тогаш нема да претеруваат.

„Има многу работи на кои гледам како на пресвртници. Обично не зборувам за тоа, но трезна сум повеќе од 5 години и тоа ми се чини како пресвртница“, зборувала Ен, која не сакала да признае дека е во средни години.

Во јануари 2019 година, Ен гостувала во емисијата „Ellen DeGeneres“, каде што открила како проширувањето на семејството со сопругот Адам Шулман ја натерало да се отрезни.


„Ќе престанам да пијам додека мојот син живее во мојата куќа. Не ми се допаѓа начинот на кој пијам, а и тој стигнува до возраст кога навистина сум му потребна сето време, особено наутро“, говорела тогаш. Таа објаснила како еден особено лош ден по ноќно излегување ја променил.

„Еден ден трчав во училиштето каде го оставив, не возев, бев мамурна и тоа ми беше доволно“, истакнала таа.


Уште поодлучна била откако дознала дека е бремена. Вториот син го родила во ноември 2019 година. Нејзините два сина ѝ дале мотивација.

Актерката од 2012 година е во брак со Адам, бизнисмен кој повремено се занимава со актерство. Пред него, таа четири години била во врска со италијанскиот инвеститор за недвижнини, Рафаел Фолиери.


Во 2008 година тој бил уапсен под обвинение дека се лажно се претставувал како претставник на Ватикан со цел да намами инвеститори заинтересирани за да купат имот кој го поседува Католичката црква. Вложените пари ги трошел на луксузен живот. Тој поминал во затвор 4 и пол години, а Ен, иако под истрага на ФБИ, никогаш не била обвинета за кривично дело или било каква криминална активност поврзана со случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг