[ФОТО] Ѕвездата од „Baywatch“ позираше во долна облека откако беше извикана дека е премногу стара за вакви фотографии

Точка

19/04/2024

17:45

4.555

Големина на фонт

а а а

Дона Дерико (56) многумина ја паметат по улогата во серијата „Baywatch“, а тоа што актерката сака да го истакнува својот физички изглед со месеци е мета на критики за нејзините разголени фотографии.

Дона Дерико го привлекува вниманието со својот неверојатен изглед и во шестата деценија од животот. Сепак, таа со месеци е мета на критики поради нејзините разголени фотографии, бидејќи корисниците на мрежите тврдат дека таа е премногу стара за вакви фотографии.

Сепак, актерката решила да одговори на ваквите наводи со споделување фотографии во долна облека.

Заедно со една од фотографиите, таа ги замоли своите следбеници „да бидат љубезни денес“. Оваа порака е одговор на бројните коментари кои таа ги добива на нејзините фотографии на социјалните мрежи.

Дерико претходно изјави дека се чувствува „убаво“ и покрај тоа што ја нарекуваат со разни имиња и и упатуваат коментари дека е „премногу стара“ за да споделува фотографии од бикини на интернет.

„Здраво, само мал потсетник за оние на кои им е потребен. Вие сте важни, вие сте доволни и вие сте добри личности. Светот е сурово место и знам дека е тешко. Бидете трпеливи, ќе биде подобро“, напиша таа под една од споделените фотографии по низа критики.

Актерката, која ја играше Дона Марко во „Baywatch“ откако позираше за Плејбој, постојано ја покажува својата фигура во долна облека.

Неодамна се потсети и на изданието од снимањето на серијата споделувајќи фотографија на која позира во иконскиот црвен костим за капење, заедно со својот син, по повод неговиот роденден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг