Од каде ваков потоп во Дубаи? Експерт објаснува: Дали има врска со студениот бран на Балканот

Точка

18/04/2024

20:41

4.951

Големина на фонт

а а а

Обилни дождови во понеделник и вторник ги зафатија Обединетите Арапски Емирати и предизвикаа колапс ширум земјата, а невремето не ги заобиколи ни Бахреин, Катар и Саудиска Арабија, додека во Оман во поплавите настрадале 18 лица.

Во Обединетите Арапски Емирати паднал годишниот просек на дожд. Делови од главните автопати биле поплавени, автомобилите на речиси патишта ширум Дубаи буквално пливале, сообраќајот на огромниот меѓународен аеродром е сопрен, бидејќи пистите по кои се движат авионите биле претворени во реки – тоа е сликата која претходните денови ни доаѓаше од Дубаи.


Во Дубаи правеле „вештачки дожд“ и „посеале облаци“

„Сеењето на облаци е истата технологија која се користи и во нашиот регион за заштита од град. Се применува истата технологија која ја применува Дубаи, само што тука таа технологија се применува за да се намалат штетите од град, а не за да се предизвика дожд. Во облак се става одредена супстанција. Во главно тоа е сребро и јодид во прашкаст облик, и во случајот на Дубаи таа супстанција требало да помогне во формирање на облак, а потоа и предизвикување на дожд“, изјавил за „Blic“ Владимир Ѓурѓевиќ, познат српски климатолог.

Тој истакнал дека оваа технологија во случајот со Србија се користи за да се формираат што повеќе помали зрна град наместо поголеми за да се минимизира штетата која би можела да настане.

„Во Дубаи идејата е да се иницира формирање на облачни елементи за на крајот да заврне дожд. Таа технологија е позната уште од 50-тите години од минатиот век, а кај нас почна да се применува од 70-тите“, вели Ѓурѓевиќ.


Тој нагласува дека не постои научен доказ дека таа технологија е 100 проценти потврдена.

„Светската метеоролошка организација не препорачува оперативно користење на оваа технологија, туку повеќе препорачуваат истражување и проверување на оваа технологија. Се поставува прашањето како оваа технологија сè уште не е научно потврдена. Одговорот е едноставен – затоа што е комплицирано. Пред сè, неопходно е да се внесе соодветна количина на супстанциите во многу мал дел од облакот во многу специфичен момент и на многу специфично место“, рекол тој за „Blic“.

Токму поради тоа што облакот е најтурбулентната средина во атмосферата, брзината достигнуваат и 200 километри на час, тоа е недозволиво.

„Поради тоа што оваа технологија е многу скапа, но и затоа што нејзиното дејство не е загарантирано од неа во главно се откажуваат“. Само Србија противградната заштита чини неколку милиони евра годишно. Меѓутоа, со оглед на тоа дека УАЕ имаат многу пари, можете да замислите за кои количини на пари станува збор. Иако оваа технологија ја користат само десет години, на нив не им претставува проблем бидејќи имаат пари кои можат да ги инвестираат во оваа гехнологија, па така имаат и ски центар насред пустина, додава Ѓурѓевиќ.


Како дошло до поплавите?

Според неговите зборови, не е можно оваа технологија на „сеење на дожд“ да можела да влијае на вакво катастрофално време во Дубаи.

„Буквално никој не може да каже што влијаело на ова. Сигурно е дека климатските промени го зголемиле интензитетот и јачината на сите временски услови, дури и до екстреми какви што видовме во Дубаи. Важно е на луѓето да им се објасни дека дождот во Емиратите во тој дел од светот не нешто што не се случува“, истакнува тој.

Како што вели тој, самата технологија на „сеење облаци“ е од локален карактери, и не можела да предизвика вакви размери на невреме.

„Гледано на глобално ниво, тоа нема влијание, значи тоа што тие го прават се некои локални ефекти и не може на тој начин да менуваат некои климатски услови на поширокото подрачје, имајќи предвид дека невремето се проширило на околните земји. Не можам да кажам дека временските услови на тоа подрачје се сега поекстремни, бидејќи е потребно тоа подетално да се проучи, но сосема е сигурно дека шансите дека ова се случува поради сеењето се екстремно мали“, вели познатиот климатолог.


Тој објаснил дека настанувањето на поплавите на кои им претходеле големи количини на дожд се случиле како и било каде на светот.

„Како и секаде во светот, прво би требало да постои доволно влага во атмосферата и атмосферата за движење на воздухот да биде соодветна за да дојде до формирање на дожд. Дождот настанува така што воздухот кој е влажен почнува да се крева во вертикална насока, на едно ниво доаѓа до кондензација. По кондензацијата доаѓа до формирање на облачни капки, кои кога се во голема група формираат дожд“.


Проблем се и долгите сушни периоди

Како што вели Ѓурѓевиќ, ако оваа технологија е успешна или валидна, неа одамна би ја применувале најразвиените светски земји каде таа се користи повремено.

„Во најразвиените земји на светот постои потреба да заврне дожд во одредено време кога е потребно, а не кога не паѓа, да кажам. И со оглед на тоа дека сите земји ја напуштија таа технологија и никој не сака да ја финансира, тоа е едноставен доказ дека и покрај сите тие експерименти и тестирања и развој во науката, никој не успева да создаде предвидлив ефект на тоа што го прави“, зборува тој за „Blic“.

Невремето во Дубаи нема врска со заладувањето на Балканот

„Ова заладување кај нас, нагла промена на температурите, не може никако да се поврзе со невремето во Дубаи бидејќи е предалеку. Неминовно е климатските промени да помогнат наглите промени на времето да бидат поизразени отколку што некогаш било случај. Во таа смисла тешко е да се направи директна врска и би рекол дека климатските промени се одговорни што во Дубаи имале ваква нагла промена во времето“, вели Ѓурѓевиќ, а невремето од Хрватска и Србија се прошири и на Македонија.