[ВИДЕО] На „Netflix“ пристигнува минисерија која ја споредуваат со „Succession“, погледнете го трејлерот

Точка

18/04/2024

15:19

2.643

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ го објави официјалниот трејлер за претстојната минисерија „A Man in Full“, создадена од Дејвид Е. Кели, извршен продуцент на популарните серии како „Ally McBeal“ и „Big Little Lies“. Серијата е режирана од страна на Реџина Кинг и Томас Шламе.

Минисеријата „A Man in Full“ е адаптација на истоимениот роман на фалениот автор Том Волф, кој најдобро го знаеме по романот „The Bonfire of the Vanities“. Приказната го следи магнатот за недвижнини, Чарли Крокер, кој се обидува да ја заштити својата империја откако ќе доживее банкрот.

Актерската екипа на претстојната минисерија ја сочинуваат Џеф Даниелс, Дајан Лејн, Луси Лиу, Бил Камп, Вилијам Џексон Харпер, Сара Џонс и многу други ѕвезди.

Позитивни реакции од гледачите

Трејлерот за серијата на „Netflix“ наиде на позитивни реакции кај гледачите, а критичарите на „IndieWire“ напишаа дека серијата ги потсетува на „Succession“ на „HBO“.

„Значи, ги имаме Џеф Даниелс, Дајан Лејн и Луси Лиу. Дефинитивно го гледам ова“, „Одлична актерска екипа“, „Едвај чекам да ја погледнам. Ми се допадна книгата“, „Ова всушност изгледа добро“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Минисеријата доаѓа на „Netflix“ на 2-ри мај оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг