Меган Фокс сподели фотографија без шминка: Некои сметаат дека е поубава во природно издание, други се прашуваат дали е таа

Точка

18/04/2024

13:22

6.444

Големина на фонт

а а а

Меган Фокс е позната како една од најатрактивните актерки во светот, а откако објави фотографија без шминка, предизвика бројни коментари.

Фокс сподели фотографија на која позира во топ и долен дел од пижами, а многумина им паднало во очи тоа што актерката нема шминка на лицето.

Со оглед на тоа дека многумина се навикнати да ја гледаат во гламурозни изданија од црвениот тепих со уредна коса и шминка на лицето, промената била забележлива.

Со тоа следеле коментари во кои нејзините следбеници се прашувале кој всушност е на фотографијата.

„Ова воопшто не личи на Меган Фокс“, „Ти не си Меган Фокс“, „Меган, дали си ти тоа?“, ѝ пишувале на актерката.

Но, имало и такви кои мислат дека Фокс изгледа прилично добро и без шминка и напишале: „Поубава си без шминка, изгледаш многу поприродно“, „Таа е убава и без шминка“.

Ѕвездата на филмот „Jennifer's Body“ неодамна ја покажа и новата боја на коса и фризура која е поинаква од нејзините бебешко розови прамени што ги носеше претходно.

Имено, Фокс ја скратила косата до рамениците, а повторно избрала прилично необична боја - косата ја бојадисала во светлосина нијанса. Нејзиниот фризер, Димитрис Џианетос, сподели фотографии од нејзината нова фризура на Инстаграм, опишувајќи ја нијансата како „сини фармерки“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг