Анри ги посочи виновниците за голот кој му пресуди на Арсенал

Дерби

18/04/2024

10:27

581

Големина на фонт

а а а

Арсенал го загуби реваншот со Баерн Минхен (1-0), резултат кој воедно значеше елиминација за премиерлигашот од Лигата на шампионите.

„Топчиите“ не го искористија домашниот терен на соочувањето минатата седмица (2-2) и потребна беше победа во Минхен по била која фаза за пласман во полуфиналето, но гостите не дојдоа до посакуваната цел, загубија и остануваат без елитен фудбал до крајот на сезоната.

Легендата на клубот, Тјери Анри беше разочаран од настапот на неговиот поранешен клуб и притоа посочи двајца играчи кои според него се виновници за голот на Кимих кој се покажа како пресуден на „Алијанц Арена“.

- Што му недостасуваше на Арсенал? Да даде гол, но денес немаше ни многу шанси за тоа. Мислам дека двата гола [на првиот натпревар] дома беа меки. Сите знаеме дека ако ги направите тие грешки во Лигата на шампионите, ќе ја платите цената. Денеска не беше доволно добро, би рекол, но немаше многу во играта. Двата тима не сакаа да загубат, па затоа не се насочија кон тоа.

- Имаше момент на лоша одлука, не само од Мартинели туку и од Томијасу, бидејќи тој не го покри својот централен дефанзивец за центаршутот или ја затвори таа линија. Но, толку пати ме прашавте, дали мислам дека Арсенал може да ја освои Лигата на шампионите? Велам да затоа што се надевам и посакувам.

- Ама ако ја тргнам капата со Арсенал, кога играме три натпревари неделно, се мачиме. Мислам дека не сме подготвени да играме три натпревари неделно, па можеби тоа може да биде добра работа за Премиер лигата, - заклучи Анри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг