Заборавете сè што знаете за хокеј — штитници, кациги, спортски дресови и мраз со брз пак. Во светот на овој спорт сега влезе жена што и го топи мразот и ги разбива алгоритмите.
Микајла Демајтер, Канаѓанка што многумина ја сметаат за најсексапилна хокеарка во историјата, повторно ја „запали“ интернет-публиката.
Иако не е првпат да го запали интернетот, но овој пат буквално го разгоре.
Преку нејзините последни фотографии во минијатурен, шарен костим, дури и најтврдокорните спортски скептици признаа: Можеби хокејот сепак е забавен.
Мика ја започна своја професионална кариера во женската хокеј лига во Канада и потпиша прв договор со „Bluewater Hawks“. За жал, повреда ја натера да се повлече на само 19 години .
Сега е инфлуенсерка на Инстаграм, каде има неверојатни 3,1 милион следбеници, што зборува за нејзината атрактивност од сите аспекти.