Комплексот „пајажина“ и дебаклот на Израелците: Мистериозни изјави од Иран, по ветувањето доаѓа во прст во око и потсетник за болниот пораз

Точка

17/04/2024

23:01

6.130

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Иран Ебрахим Раиси денеска изјави дека операцијата „Искрено ветување“, нападот на Исламската република на Израел, го разбила митот за непобедливоста на израелскиот режим и докажала дека нивната моќ е како пајажина.

Интересно е дека денеска пајажина спомна и командантот на копнените сили на Иранската војска Кумарс Хејдари, истакнувајќи дека одмаздата докажала дека одбраната на Израел е послаба од пајажина.

Пајажината веќе со децении е метафора која ја користат Иранците и нивните сојузници за да ја опишат наводната кревкост на Израел.

Лидерот на Хезболах пред 100.000 луѓе, и муслимани и христијани, ги омаловажувал моќта и армијата на Израел.

„Ви велам: Израел кој поседува нуклеарно оружје и има најмоќни воздушни сили во регионот е послаб од пајажина“, рекол Насрахал.

Според зборовите на израелскиот новинар Амир Рапапорт, говорот на Насралах ја разбеснил командата на израелската војска, и тврди дека таа со време развила „комплекс на пајажина“.

Инвазијата на Либан во 2006-та година конечно им даде можност да ги израмнат сметките, но тоа соочување ќе заврши неславно за Израел.

Високите офицери на ИДФ, како што се тогашниот началник на штабот Дан Халуц и шефот на операции Гади Ајзенкот, тврдеа дека Бинт Џбеил е важен „симбол“. Се надевале дека ќе го заземат градот и ќе доведат израелски лидери да одржат победнички говор на истото место каде Насралах зборувал за „пајакова мрежа“. Наместо тоа, според Рапапорт, Бинт Џбеил ќе стане симбол на неуспех.

Колку Израелците ги боли споредбата со пајажина кажува и фактот дека операцијата за заземање на Бинт Џбеил ја нарекле „челична мрежа“.

Според проценките на израелската војска, Бинт Џбеил и градот Ајната во близина ги бранеле 100-140 борци, од кои 60 му припаѓале на локалниот гарнизон, а околу 40 биле специјалци на Хезболах. Целта на либанските борци не била да ја држат територијата, туку да ги „искрварат“ Израелците и да ги забават во нивното напредување, што во целост се остварило.


Сепак, самоуверените Израелци се соочиле со неверојатно жилав отпор на Хезболах и либанските борци.

Загубите на Хезболах се проценуваат на 32 борци, додека Израелците имале релативно висок број на загинати – 17.

ИДФ не успеала да го освои градот ниту да оствари било какви опипливи резултати. Според професорот Авиј Кобер, повлекувањето на Израел е „добро протолкувано од страна на Хезболах како голема победа за организацијата“.

Од неуспехот на војската биле разочарани и израелските службеници, како премиерот Ехид Олмерт, кој тоа и јавно го кажал, но не ја довел прашање храброста на израелските војници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг