Утре сончево време со температура до 27 степени

Макфакс

02/10/2026

17:42

169

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температури што ќе достигнат до 27 степени. Во Скопје се очекуваат сончеви периоди и умерен ветер. Во текот на викендот времето ќе остане сончево, а утрата ќе бидат студени со ниски температури.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.