[ФОТО/ВИДЕО] Неочекуван блам среде емисија – пејачката морала да ги скрие градите зад перница: „Доколку не се поправи, гледачите на емисијата ќе добијат повеќе отколку што очекуваат“

Точка

17/04/2024

17:40

4.376

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Кети Пери доживеала „мала“ незгода со модната комбинација и тоа во живо во емисијата „American Idol“.

Имено, на Кејти ѝ се распаднал металниот топ кој ѝ ги покривал градите, а бидејќи колегите од жирито на споменатото шоу не можеле да ѝ помогнат, пејачката одлучила да држи перница наместо топот до крајот на снимањето.

Фотографии и видео-материјали доспеале до социјалните мрежи, а и самата пејачка се смеела на својата мака. Кејти на нејзиниот официјален „Instagram“ профил објавила хумористично видео од целиот настан.

„Потребно ми е топот да остане на мене“, изговара пејачката додека колегите се обидувале да ѝ помогнат.

„Доколку не се поправи, гледачите на емисијата ќе добијат повеќе отколку што очекуваат“, се пошегувала таа.

По шоуто, Пери дала изјава за „Access Holywood“ по повод инцидентот. Таа искрено признала дека била свесна за ризикот кој го носи нејзината облека.


„Не би го нарекла тоа „дефект“, само ќе кажам дека беше интересен момент на телевизија во живо“, изјавила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг