Абортирала додека била тинејџерка, била силувана од постар маж и е една од жртвите на холивудскиот предатор: Потресна приказна за младоста на славната актерка

Точка

30/04/2024

11:06

6.482

Големина на фонт

а а а

Воспитана е по будистички принципи, веќе на 15 години се испробала како модел, а набрзо била злоставувана и како тинејџерка била доведена пред тешка одлука - абортус.

Ѕвездата на филмовите „Kill Bill“ и „Pulp Fiction“, Ума Турман, е родена на 29-ти април 1970 година. Својата актерска кариера ја започнала кон крајот на 80-те години, додека пред тоа се испробала во моделингот и се нашла на насловната страница на британскиот „Vogue“ во 1985 година.

Турман беше во брак со колегата Гери Олдман, но бракот опстана само 2 години. Потоа беше во брак со Итан Хок, со кој ја има ќерката Маја, а потоа повторно остана трудна и го роди синот Левон Роан во 2002 година.


По Хок, Ума го запознала мултимилионерот Арпад Бусон со кого се вери во 2008 година и го роди третото дете, ќерката Луна, но во 2014 година се раздели и од него.

Во една прилика, актерката ја откри својата „мрачна“ тајна, како што самата ја нарече, и со тоа се приклучи на протестот за тексашкиот закон за забрана за абортус.

Таа тогаш јавно проговори и го сподели своето искуство, како што пренесува „Today“:

„Абортусот што го имав како тинејџерка беше најтешката одлука во мојот живот, онаа што ме мачеше тогаш и ме растажува сега, но тоа беше патот до живот полн со радост и љубов што го доживеав.


Изборот да не ја задржам таа рана бременост ми овозможи да пораснам и да станам мајка каква што сакав и која требаше да бидам“, објаснила Ума.

Кога имала 16 години, Турман живеела во мал стан на Менхетен и ја започнала својата филмска кариера, а една зимска ноќ отишла во клуб и таму запознала речиси 20 години постар колега. Тој вечерта успеал да ја намами во хотелска соба и сексуално ја злоставувал, откри таа во една прилика за „New York Times“.

„Се обидов да кажам не, плачев, направив сè што можев. Ми рече дека вратата е заклучена, но јас во ниту еден момент не истрчав да пробам да ја отворам кваката.


Кога дојдов дома, се сеќавам дека стоев пред огледалото и ги гледав моите раце и бев толку лута на нив што не беа крвави и немаа модринки. Во такви ситуации или се борите или се откажувате, веројатно.

Вие станувате повеќе или помалку попустливи, а јас мислам дека станав помалку попустлива“, заклучила актерката.

Подоцна таа откри дека е една од жртвите на продуцентот Харви Вајнштајн кој е денес во затвор, осуден на 23 години за многу сексуални напади.



Спонзорирани линкови

Маркетинг