Првите сијамски близначки мајката ги сметала за „божја казна“: Живееле како робинки, имале бројни љубовници, а мажите лудувале по нив

Точка

17/04/2024

15:26

5.335

Големина на фонт

а а а

Парис и Ники Хилтон, гламурозните богати наследнички на познатиот синџир хотели, иако најпопуларни, сепак не се првите и „оригиналните“ сестри Хилтон. Она што било особено невообичаено е фактот дека тие се родени со споени кичми и на тој начин станале најпознатите сијамски близнаци.

Нивната мајка, собарката Кејт Скинер од Брајтон, ги родила од аферата која ја имала со нивниот татко, син на богат сопственик на хотел. По нивното раѓање, таа сфатила дека родила две бебиња чии ’рбети се споени. Била убедена дека тоа е всушност казна, проклетство за гревот од кој настанале. Набргу по нивното раѓање, таа ги продала на бабичка по име Мери Хилтон, која официјално ги посвоила девојчињата и им го дала нејзиното презиме.


Мери во сијамските близначки видела можност да се збогати. Таа почнала да ги покажува девојките во својот паб, а за цена од две пени посетителите можеле да ги видат близначките, па дури и да ги допрат.

„Нашите најрани и единствени сеќавања се на распространетиот мирис на пиво, цигари и лулиња, како и движењата на рацете на посетителите кои ја креваа нашата бебешка облека за да видат како сме врзани една за друга“, години подоцна напишале во своите мемоари.

Меѓутоа, како што растеле сестрите, Мери почнала да ги малтретира, и физички и психички.

„Кога не беше задоволна од нас, нè камшикуваше по голиот грб и рамена со токата на нејзиниот претежок кожен појас“, откриле сестрите.

По смртта на Мери во 1915 година, нејзината ќерка Едит Хилтон и нејзиниот сопруг Мајер Мајерс ги однеле девојките во Америка каде на јавноста ги претставувале како „Бизарно чудо на природата“ и „циркуски изроди“ и на тој начин заработувале пари од нив. Меѓутоа, како што растеле сестрите, Едит почнала да ги злоставува, како психички, така и физички.


Наскоро целиот свет дознал за нив, а близначките се појавиле во некои филмови. Нивната заработка била многу импресивна за тоа време, достигнувајќи и до 5.000 долари неделно.

Дејзи и Вајолет по години и години работа не добиле ниту денар, додека другите од нив заработувале богатство. Сè до 1931 година, кога поднеле тужба против поранешните менаџери и тоа за скратување на слободата.

За ова пишувале и во нивната биографија насловена „Животот и љубовта на сестрите Хилтон“, која ја објавиле во 1942 година.

„Бевме две осамени, богати девојчиња кои заработија богатство со тоа што беа робови“, раскажала Дејзи.


Во една прилика ги посетил познатиот магионичар Худини, кој бил импресиониран од нивната ментална одвоеност. Токму тој ги советувал да дознаат повеќе околу својот случај, а не само слепо да го следат и прават она што е кажано.

Дејзи и Вајолет не биле свесни колку се познати, а за својата популарност почнале да дознаваат од весниците. Откако го добиле судскиот спор и ги вратиле парите, сестрите одеднаш го привлекле вниманието на многу млади момчиња и стекнале цела армија обожаватели.

Додека едната седела и разговарала со додворувачот на телефон, другата си ги лакирала ноктите или би јадела јаболко. Истото го правеле и за време на интимните односи, а имале и неколку кратки бракови.


Дејзи починала во 1968 година од грип, а неколку дена подоцна починала и Вајолет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг