[ФОТО/ВИДЕО] 7 години бил нејзиниот свет, а потоа ѝ го скршил срцето: Знаете ли кому Гвен Стефани му го посветила планетарниот хит „Don’t Speak“?

Точка

17/04/2024

10:43

3.213

Големина на фонт

а а а

Групата „No Doubt“ на музиката ѝ донесе незаборавни хитови, а малку е познато дека некои од најголемите се инспирирани од раскинување на членовите од бендот – пејачката Гвен Стефани и басистот којшто бил нејзината прва љубов.

Популарниот бенд од 90-тите повторно се обединил и неодамна настапувал на популарниот калифорниски фестивал „Coachella“.

Тие одржале концерт за паметење, а сите членови од групата повеќе пати изразиле неверување дека тоа навистина се случува и на социјалните мрежи објавиле многу фотографии и видеа од пробите и настапот.

Најголемо внимание сепак привлекло селфито на Гвен Стефани и басистот Тони Канал затоа што не само што тие биле дуо кое го одбележало растењето на една генерација туку своевремено биле и еден од омилените парови. „Don’t Speak“, најголемиот хит на бендот говори токму за нивното раскинување.

Љубовната приказна на Гвен Стефани и Тони Канал

Групата била формирана во 1986 година кога Ерик Стефани со пејачот Џон Спенс го направил тоа, а подоцна со нив почнала да вежба неговата помлада сестра Гвен како придружен вокал, потоа Џери Мекмехон на гитара, басистот Крис Лил и тапанарот Габриел Гонзалес, но и саксофонистот Тони Мид.


Еден од нивните први настапи ги посетил и Тони Канал којшто потоа се приклучил во бендот како басист, а наводно Гвен Стефани веднаш започнала акција, додека музичарот подолго време одбивал да биде во врска со неа.

„Тој дури не беше заинтересиран. Кога се бакнавме првата вечер, мислам дека тој мислеше дека тоа е само еден бакнеж. Но, потоа почнавме да излегуваме и после првата година, го прашав: Дали ќе се венчаме?“, се присетила пејачката во една прилика.

Не им требало многу време за да станат пар кон крајот на 80-тите, а заедно растеле, созревале, го запознавале светот на возрасните и музичката индустрија.

Тие постојано криеле дека се заедно и не сакале да ја користат својата љубов како адут за привлекување внимание. Сепак, во прашање бил однос којшто не можел да се скрие во текот на нивните настапи, па фановите забележале огромна хемија меѓу нив.


Третиот албум „Tragic Kingdom“ доживеал огромен комерцијален успех и ги однел на светскиот врв, носејќи им многу слава, а некои од песните од албумот се хитови и денес, а истите говорат за слични теми, како соочување со раскинување, скршено срце и предавство.

Гвен и Тони во меѓувреме раскинале после седум години голема љубов:

„Бевме на турнејата за „Tragic Kingdom“ 28 месеци. Поминувавме низ раскинување и во секое интервју моравме да зборуваме за тоа, ја отворивме таа рана“, изјавил подоцна Канал, па додал: „Тоа беше брутално, не знам како го издржавме“.

Ни Гвен не криела дека ѝ било тешко, прво поради тоа што останала без Тони, а потоа и поради тоа што продолжила да го гледа секој ден и да оди на турнеја со него.

„Тони беше моето прво момче, бев трагично опседната со него. За многу работи зависев од него, тој ми помагаше, правеше сѐ што ми беше потребно за да преживеам и живеам“, изјавила Гвен.

Како што признала, ѝ било потребно многу време за да го надмине раскинувањето, а малку е познато дека песната „Don’t Speak“ е посветена токму на тоа.

Песната која заедно ја напишала со својот брат Ерик „на прва“ била многу повесела и во стилот на рокот од 70-тите, но скршеното срце на Гвен целосно ја променило приказната.

„Кога Тони и јас раскинавме, ја претворивме во тажна песна“, изјавила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг