Невил му испрати предупредување на Тен Хаг и го објасни различниот пристап на ѕвездите на Јунајтед

Дерби

16/04/2024

14:57

1.184

Големина на фонт

а а а

Ерик тен Хаг се уште има теоретски шанси да ја задржи менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, но ако сака таков расплет, најмалку што треба да направи е да го обезбеди трофејот во ФА купот.

Јунајтед остана во битка само за овој трофеј, а Гери Невил смета дека тоа е единствената шанса за Тен Хаг.

– Мора да победат следниот викенд, сезоната целосно ќе заврши ако не успеат.

– Нема потреба многу да се коментира за она што гледаме на лигашките натпревари, твитовите, лајковите и говорот на телото на фудбалерите на теренот појаснуваат многу работи.

– Не гледам причина да се навраќаме на тие детали, бидејќи постојано се повторуваме. Она што во моментов може да го кажам дека иднината на Тен Хаг е тесно поврзана со ФА купот, не очекувам нешто да се промени во првенството. Фудбалерите веќе одамна се „исклучуваат“ на гостувањата во првенството, додека на домашен терен е поинаку, мора да се вклучат поради 75.000 фанови кои нема да им дозволат таков пристап, – вели Невил.

Јунајтед ќе биде голем фаворит во полуфиналето со Ковентри, но во финалето ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Челси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг