Деле Али планира да игра на СП 2026: Секој ден ми се појавува ист потсетник во 11 часот

Дерби

16/04/2024

14:31

892

Големина на фонт

а а а

Деле Али не се откажува од враќање во препознатливата форма од пред неколку години и е убеден дека ќе биде дел од англиската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.

Актуелниот член на Евертон не е во комбинација за претстојното Европско првенство во Германија, но затоа вели дека гледа „светло на крајот на тунелот“.

– Секој ден во 11 часот, на телефонот ми се појавува потсетник на кој пишува – Светско првенство 2026 година.

– Луѓето ќе речат дека нема логика затоа што не сум играл фудбал една година, но јас си имам поставена цел, – истакнал Али.

Неговиот договор со Евертон истекува во јуни, период до кој фудбалерот се надева дека ќе тренира целосно со своите актуелни соиграчи.

Деле Али беше дел од англиската репрезентација која стигна до полуфиналето на СП во 2018 година, но последниот повик за националниот тим го доби во 2019 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг