Братот на Конте го „поздрави“ Инѕаги по пропуштената шанса за рушење на рекорд на Јувентус

Дерби

16/04/2024

11:28

881

Големина на фонт

а а а

Ремито на Интер против Калјари значи дека идниот италијански шампион може да освои најмногу 101 бод до крајот на сезоната, а со тоа остана без можност да собори еден престижен рекорд на Јувентус.

„Бјанконерите“ ја освоија титулата во сезоната 2013/14 со 102 освоени бода и на тој начин испишаа историја, а таа екипа беше предводена од Антонио Конте, кој во меѓувреме работеше и како тренер на „нероазурите“.

Одличната сезона на Интер под водство на Симоне Инѕаги нема да биде крунисана со поставување нов рекорд, а тоа го искористи братот на Конте, за преку социјалните мрежи да го истрола предводникот на актуелниот лидер во Серија А.

– 102 бода!

– Постојат такви кои читаат историја и такви кои ја пишуваат историјата. Тоа не е за сите, – напишал Даниеле Конте покрај славеничката слика на својот брат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг