Фабрика Карпош – ГИМ на крилата на Илиевски до победа над ЕВН

Точка

16/04/2024

10:26

4.553

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Макпетрол со сигурна игра до победа над А1

Макпетрол 4-1(2-0) А1

Макпетрол: Бенер Бекиовски 20’ 23’ Марко Костенцовски 19’ Синиша Танушевски 29’

А1: Јовица Наумовски 27’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра и акцент ставен на добрата одбрана. Екипата на Макпетрол повеќе притискаше кон голот на А1, но тие одлично ја поставија својата одбрана и со одлични интервенции на голманот Јанакиевски ја одржуваше неизвесноста во натпреварот. Во самата завршница на полувремето екипата на Макпетрол успеа да ја скрши одбраната на А1 и со два брзи погодоци на Костенцовски и Бекиовски да створи предност од 2-0 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одличната игра и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на А1 успеа да ја намали разликата со погодокот на Наумовски, но Макпетрол ја имаше контролата врз играта и резултатот и на крајот славеше со резултат од 4-1.

Фабрика Карпош – ГИМ на крилата на Илиевски до победа над ЕВН

ЕВН 3-5(0-4) Фабрика Карпош – ГИМ

ЕВН: Ајет Новобрдалија 40’ Бојан Тодоровски 28’ Филип Стојановски 38’

Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 15’ Филип Илиевски 16’ 19’ 40’ Тони Котев 2’

Одличен старт на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со ЕВН тие уште во раната фаза од полувремето поточно во 2та минута со погодок на Котев. Екипата на ЕВН по оваа негатива настапи со нешто поофанзивна игра, и вршеше притисок кон голот на Фабрика Карпош. Сепак екипата на Фабрика Карпош – ГИМ одлично ја постави својата одбрана и со два погодоци во низа на Божиков и Илиевски успеа да ја зголеми својата преност на 0-3. Во самата завршница на полувремето екипата на Фабрика Карпош со одличен погодок на Илиевски зголеми на 0-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН со силен притисок кон голот на Фабрика Карпош и погодоци на Тодоровски и Стојановски дојдоа на само два гола негатива и ја направија завршницата на натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да ја сочува предноста од два погодоци и на крајот да слави со 3-5.

Матрикс во фер плеј натпревар дојде до победата над Пивара Скопје

Пивара Скопје 4-12(1-6) Матрикс

Пивара Скопје: Александар Иловски 28’ Ненад Вељовиќ 9’ 26’ 39’

Матрикс: Предраг Стојмировиќ 32’ Драган Брњанчевски 5’ 7’ 12’ 17’ 34’ 36’ Тони Брњанчевски 2’ 24’ 33’ 40’ Виктор Петровски 4’

Одличен почеток за екипата на Матрикс во дуелот со Пивара Скопје, тие со цврста одбрана и брзи транзиции го отворија овој натпревар што им донесе брзо водство до средината на полувремето веќе имаа предност од 0-4. Кај екипата на Пивара Скопје воочлива беше кратката клупа и немањето играч измена како и повредите во тимот. Екипата на Пивара со погодокот на Вељовиќ успеа да намали, но екипата на Матрикс ја имаше контролата во овој натпревар што се гледаше и по резултато на полувремето од 1-6. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на Пивара Скопје не можеше да најде решени за денес расположената екипа на Матрикс. Пивара успеа да постигне неколку одлични голови преку Вељковиќ но предноста која ја направи екипата на Матрикс беше несдостижна. Матрикс на крајот славеше со убедливи 4-12.




Спонзорирани линкови

Маркетинг