[ФОТО] Ова се најлошите бои за во кујна: Дизајнерите строго ги избегнуваат при уредувањето

Точка

15/04/2024

15:30

6.574

Големина на фонт

а а а

Пред да почнете со реновирање на кујната прво треба да обрнете внимание на советите од дизајнерите.

Реновирањето на кујната може да биде голем потфат – скап и долготраен. Сепак, една од најважните одлуки која може да се донесе во овој процес е изборот на сината боја.

Без оглед на тоа дали станува збор за ѕидовите или кујнските елементи, клучно е да ја изберете вистинската боја за да не погрешите и да бидете принудени повторно да ја менувате.

Професионалните дизајнери сметаат дека ова се најлошите бои за во вашата кујна.

Неонски нијанси


Многу од трендовите се вратија од 80-те и 90-те и додека носталгијата може да биде забавна, според дизајнерката на ентериер Ејми Свицер, неонската боја во кујната не треба да биде една од нив, пренесува „Real Simple“.

„Не постојат строги правила за боите за кујна, но некои луѓе попрво избегнуваат одредени бои од практични причини или лична преференција. Јас лично никогаш не би ги вклучила неонските бои во кујната. Тоа е така затоа што речиси е невозможно да се усогласат неонските нијанси со останатиот дел од кујната“.

Многу темни бои

Кујната не е место за темни бои. „Многу темните бои ја прават кујната непривлечна“, вели Свицер.

Уште еден проблем со темната боја според дизајнерите е тоа што на неа полесно се забележуваат гребнатинките и несовршеностите отколку кај светлите бои. Значи, доколку сакате да вклучите темни бои во мала кујна, тогаш најдобро е за тоа да ја искористите работната површина од темен камен.


Светли и високо заситени бои

Еден од најголемите предизвици во дизајнот е обидот да се создаде дом којшто лесно се „прелева“ од соба во соба. Супер заситените бои тоа дополнително го отежнуваат.

„Ние вообичаено ги обесхрабруваме сите бои кои се премногу светли или заситени затоа што можат да го преплават просторот и да го одвлечат вниманието од формирањето на кохезивна естетика во целиот дом. Доколку сакате впечатливи бои во кујната, тогаш за ѕидовите и елементите најдете додатоци односно детали во тие нијанси, како на пример, чинии, тостер...“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг