Ја прашале внуката на кралицата Елизабета зошто на свадбата не ја скрила огромната лузна, а поради нејзиниот одговор сите поцрвенеле: Поминала низ пекол во детството и ова е нејзината најтрогателна фотографија

Точка

15/04/2024

12:24

3.412

Големина на фонт

а а а

Свадбата на внуката на кралицата Елизабета Втора во 2018 година во Виндзор била во знакот на големата лузна на нејзиниот грб.

Тој белег не го прекрила со венчаницата, иако некои со чудење ја прашале зошто не го сторила тоа. Со таа одлука сакала да испрати важна порака, поради што и неколку години по свечената церемонија добила голема поддршка.

Принцезата Јуџини тогаш стапила во брак со Џек Брусбанк, со кој има две деца.


„Отсекогаш сакав фустан со отворен грб, дел од тоа беше и да се прикаже мојата лузна. Верувам дека лузните раскажуваат приказна за твоето минато и иднина и тоа е начин да се ослободите од табуата. За мене тоа е начин на комуникација со луѓето кои минуваат низ слични ситуации со сколиоза или имаат своја лузна со која се обидуваат да се носат. Почнав да добивам многу писма од луѓе кои беа среќни што ја покажав својата лузна, луѓе со сколиоза и писма од девојки кои минуваат низ истото и, дефинитивно бев многу трогната од поддршката на сите“, изјавила таа по венчавката, а пишувал okfordmail.co.uk.

Имено, внуката на британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип, на 12-годишна возраст била подложена на операција за исправување на ’рбетот поради сколиоза.


Таа за тоа зборувала 16 години подоцна, велејќи дека било ужасно за неа. „За време на осумчасовната операција, хирурзите вметнуваа титаниумски шипки во секоја страна од ’рбетниот столб и шрафови на почетокот на вратот. По три дена на интензивна нега, поминав уште една недела во болница и шест дена во инвалидска количка, но после тоа повторно можев да одам“, наведено е во нејзината приказна на веб-страницата на „Royal National Orthopaedic Hospital“ во Лондон.


Принцезата Јуџини која студирала на „Marlborough College“ во Манчестер и дипломирала англиска литература и историја на уметност на „Newcastle University“, во меѓувреме објавувала фотографија од лузната на „Instagram“ за уште еднаш да ги поддржи оние кои се борат со сколиоза и други видови на лузни.

За венчавката со менаџерот на брендот „Casamigos Tequila“ во сопственост на актерот Џорџ Клуни и сопругот на Синди Крафорд, таа носела уште една специјална венчаница – креација на Зак Позен, со детали од бели рози и бршлен. Јуџини сакала фустан сличен на оној кој го носела славната Грејс Кели во филмот „To Catch a Thief“ од 1936 година.


Венчаницата е изработена од свила од Манчестер. На венчавката носела и тијара која ѝ ја позајмила нејзината баба Елизабета и обетки, како подарок од нејзиниот сопруг.

Јуџини, која е член на британското кралско семејство, има „обична“ работа, работи како директорка во уметничката галерија „Hauser&Wirth“ во Лондон. Пред тоа таа била вработена во аукциската куќа „Paddle8“ во Њујорк.

Ќерка е на Сара Фергусон и омразениот принц Ендру, познат по скандалите. Има сестра, принцезата Беатрис која воедно ѝ е и најдобра пријателка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг